Тројца каталонски сепаратисти добија столче во Европарламентот


Тројца каталонски сепаратисти, односно поранешниот каталонски претседател Карлос Пуџдемон, неговиот заменик Ориол Јункерас и поранешниот каталонски министер Тони Комин, од кои едниот е во затвор, а двајца се во бегство, освоија пратенички места во Европарламентот.

Според првичните резултати, по преброени 85 отсто од гласовите, тројцата сепаратисти добија столче во Европарламентот.

Јункерас е во затвор во Мадрид под обвинение кое вклучува бунт во Каталонија и обид за одвојување од Шпанија во 2017 година, а по Пуџдемон и Комин, кои побегнаа во Белгија, распишана е потерница.

Ним им беше дозволено да се кандидираат, но судските власти посочија дека ќе се соочат со правни пречки доколку сакаат да ги заземат своите места во Европарламентот.