Трите албански партии формираа и пратеничка група


Изет Меџити, Африм Гаши и Билал Касами

 

Ќе одат заедно на избори, а од сега ќе бидат заедно и во Собранието. Трите партииод албанскиот опозициски блок – Демократско движење, Беса и Алтернатива, кои неодамна ја формираа коалицијата „Европски сојуз за промени“, денеска на прес-конференција најавија дека отсега во Собранието ќе дејствуваат во рамки на заедничка пратеничка група.

За координатор на пратеничката група е избрана Сафије Садики-Шаини од Алтернатива, а нејзина заменичка ќе биде Мерита Колчи-Коџаџику од Демократско движење.

„На овој начин ‘Европскиот сојуз за промени’ цели да искористи сите можности кои ги нуди Деловникот на Собранието за пратеничките групи. Иако пратеничкиот мандат е при крај, сметаме дека има многу отворени прашања и процеси поврзани со европската иднина на земјата за што сојузот е сериозно заинтересиран да помогне“, изјави на денешната прес-конференција лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од лидерите на останатите две партии, Изет Меџити и Билал Касами.

Гаши рече дека тие ја воделе битката за „целосно ослободување на Албанците од режимот на ДУИ“.