Трифун Костовски правдата за Еуростандард банка ќе ја бара во странство
Трифун Костовски кој е еден од сопствениците на Еуростандард банка денес на прес конференција ги обвини поранешното раководство на банката на чело со поранешниот директор Николче Петковски за дубиозите кои доведоа до пропаѓање на банката, но прстот го впери и во Народната банка која според него со мерките не дозволила банката да застане на здрави нозе.
„Еуростандард банка е странска инвестиција и правдата ќе ја бараме во странство“, рече Костовски на прес конференција која ја одржа со неговиот син Коста. Тој рече дека семејството Костовски со пропаста на банката изгубило околу 60-70 милиони евра.
Костовски неколку пати изрази длабоко извинување на клиентите на Еуростандард банка заради проблемите што им ги предизвика пропаѓањето на банката и рече дека и самиот чувствува одговорносст како поранешен претседател на Надзорниот одбор, но не и вина, бидејќи главниот виновник го гледа во Петковски и додааде дека додека е жив ќе ги гони тие лица и нема да ги остави на мира.
„Поранешнјот Управениот нè пренесе жедни преку вода“, рече Костовски додавајќи дека судски ќе го гонат Петковски до крај и дека ќе поднесат кривични пријави за злоупотреба на капиталот на банка и за сметките на приватните и правните лица со низа манипулативни трансакции, наведувајќи и конкретни примери како се правеле злопотребите.
Костовски додаде дека Горан Трајковски, кој директоруваше во банката поскедната година, до одземањето на дозволата, во банката дошол на функцијата кога централната банка веќе презела мерки. Тој повтори дека за нив ќе било полесно, а ќе изгубеле и помалку пари, доколку дозволата била одземена една година претходно, бидејќи во мешувреме ја докапитаализуирањле банкаата со 10 милиони евра, пари кои ги добиле од продажбата на Еуролинк осигурување.
Костовски ги отфрли алузиите со пропаѓањето на штедилницата ТАТ, кои ги пласираат одредени политички партии. Одговарајќи на новинарски прашања тој рече дека последните месеци имало повлекување пари од банката, но рече дека „во вителот“ не треба да се става министерката за финансии Нина Ангеловска, која била стар клиент на банката.
Народната банка завчера ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка и вчера до судот беше поднесено барање за покренување стечајна постапка.