Триесетгодишен скопјанец загина во сообраќајната несреќа на патот Велес – Штип


Триесетгодишен скопјанец го загуби животот во сообраќајна несреќа, која се случи синоќа на регионалниот пат Велес – Штип кај крстосницата за Ново Село. Несреќата се случила меѓу автобус марка МАН со кратовски регистарски ознаки, управуван од 37- годишниот М.К. од Куманово и товарно возило марка „Фолксваген Крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот С.Т. од Скопје, кој починал на лице место, соопштија утрово од СВР Велес.

Возачот на автобусот М.К. се здобил со тешки телесни повреди.

-Деветнаесет патници од автобусот се пренесени во општата болница во Велес, каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот изврши јавен обвинител и екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски