Трибина на СДСМ: Владата им врати 2,6 милијарди евра на граѓаните и компаниите


Граѓаните можат да веруваат во подобра иднина на државата со СДСМ затоа што оваа партија значи државотворност, им обезбедува повеќе пари и европска перспектива, порача вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите“, што се одржа во Кочани.

Тој рече дека и покрај светската економско-енергетска криза обезбеден е економски раст, а инфлацијата има надолен тренд што веќе е на ниво пред кризата, како и дека има реален раст кај платите и пензиите и куповната моќ на граѓаните. Просечната плата достигна речиси 39.000 денари, или 630 евра, а кај граѓаните и компаниите биле вратени 2,6 милијарди евра.

„Само со последниот пакет антикризни мерки 662 милиони евра насочуваме кон 120 илјади млади лица, 187 илјади пензионери, како и кон 74 илјади социјално ранливи граѓани и над 70 илјади компании. Тоа е нашата грижа за сите “, истакна Ковачевски.