Три можни сценарија на Путин по ширењето на НАТО

Русија остро се спротивстави на можноста Финска и Шведска да станат членки на НАТО, па најави реакција која нема да изостане


 

Американската телевизиска куќа Си-Ен-Би-Си анализираше како би можела Русија да реагира ако продолжи ширењето на НАТО.

Издвоени се три можни реакции, а тоа се уште поинтензивно провоцирање на НАТО, кибер напади и енергетска војна. Русија остро се спротивстави на можноста Финска и Шведска да станат членки на НАТО, па најави реакција која нема да изостане.

Русија последните години со своите активности провоцира реакција на НАТО, а тоа подразбира и периодично влегување во воздушниот простор на овој воен сојуз. Стручњаците сметаат дека ваквите активности ќе бидат уште поинтензивни ако Финска и Шведска завршат со долгогодишната воена неутралност, пренесува Klix.ba.

„Ова го менува безбедносното окружување на целото Балтичко Море и на Арктикот. Секако дека ќе продолжат со влез во воздушниот простор , но ние сме одбранбен сојуз и ќе реагираме рационално и професионално. Последна работа која Русија ја сака е судир со сите 30 членки на НАТО, а наскоро ќе бидеме 32“, укажа поранешниот генерал на американската војска во Европа Бен Хоџис.

Смета дека Русија не моќе да отвори нов воен фронт сѐ додека војува во Украина. Оцени дека не постои вистинска опасност по Финска и по Шведска. Во НАТО тврдат дека руските воени авиони често не емитираат сигнал од транспондерите, а поради што не се знае позицијата и висината на леталото. Освен тоа, нагласија дека не комуницираат со контролата на летање, што претставува ризик по цивилните авиони.

Кибер поместување на војската кон границата

Шведска и Финска истакнаа дека причината за членство во НАТО е последица на руската агресија врз Украина, а не за да се антагонизира Русија.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон на 15 мај изјави за Си-ен-би-си дека членството е најдобро решение за националната безбедност. Се очекува рускиот претседател Владимир Путин да бара и позачестени кибер и хибридни војни како реакција на членството на оваа држава во НАТО.

Министерот за надворешни работи на Шведска, Ан Линде очекува и Русија поблиску да се помести кон шведската граница.

Енергетска војна

Енергетската војна е уште еден начин на руска реакција. Енергентите се силен адут во руската конфронтација со Западот. Европската Унија во меѓувреме се обидува тоа да го промени.

Економистот Жил Моек не ја исклучува можноста Русија потполно да ја сопре испораката на енергенти во остатокот од Евроа. Русија на 13 мај објави дека ќе ја сопре дистрибуцијата на струја кон Финска. Според наводите на Финците, се работи за 10 отсто од вкупната електрична енергија.

Турција порача дека нема да го поддржи членството на Финска и на Шведска во НАТО. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како причина за тоа истакна дека овие две земји поддржуваат терористички организации. Како такви ги наведе Курдската работничка партија (PKK) и курдската милиција (YPG) во Сирија.