Три авиони кружеа над Скопје – не можеа да слетаат – препратени кон Приштина и Софија


Авионот од Варшава, Анталија и Меминген кружea над скопскиот аеродром и не можеa да слетаат поради лоши временски услови, односно густа магла, попладнево.

Во моментов има информација дека летот од Анталија дека е пренасочен кон Измир, летот од Меминген кон Приштина, а летот од Варшава се враќа назад.

Авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден беа пренасочени и првиот слета во Приштина, а вториот во Софија. Авионот на „Лот“ од Варшава, пак, се врати назад кон Полска.

Досега се откажани и летовите за Малме и Истанбул.

Најновиот METAR извештај за аеродромот Скопје (LWSK) од 25-ти јануари во 15:50 UTC покажува дека временските услови и понатаму се неповолни за воздушниот сообраќај, со значително намалена видливост и присуство на густа магла.

Детали од извештајот:
Ветер: Променлив слаб ветер (VRB) со брзина од 1 јазол.
Видливост: Хоризонталната видливост е намалена на само 300 метри.
Видливост на пистата: Пистата 34 има видливост од 300 метри, без промени (N = No Change).
Магла: Густа магла (FG) продолжува да го доминира воздушниот простор.
Облаци: Потполна облачност (OVC) на многу ниска висина од 100 стапки.
Температура: 5°C, точка на росење 4°C, што укажува на висок степен на влажност.
Атмосферски притисок: 1022 хектопаскали, со стабилни услови.
Прогноза: Нема значителни промени во временските услови (NOSIG).