„Треска на четврточната вечер“- диско перформанс на актерки во Јавна соба
Четири млади актерки засукаа ракави и мошне решително истапија на музичката сцената. Актерките: Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви во четврток 13 април во Public Room во 21 часот организираат невиден диско перформанс кој е една фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке, каде публиката не престанува да игра, се смее и забавува.

При осмислување на проектот актерки си го поставија прашањето, „Како девојки родени во 90-те би ја внеле скопската публика во Диско ерата на 70-те и 80-те?“ Актерки со своите извонредни перформанси успејаа многу вешто да го осмислат целиот двочасовeн програм со цел публика да заминe од Public Room срeќна, весела и со желба за повторно видување.
Со овој пионерски проект независните актерки истапуваат на слободниот пазар-јавноста, по моделот на “Broadway Theater”, каде успехот е гарантиран исклучиво доколку персормансот е прифатен од публиката и се бараат повеќе настапи.
Билетите за настанот се купуваат на лице место. Стилист на целиот проект е Сашка Павловска, а продукцијата е на Јавна соба.