Трас до рускиот амбасадор: Треба да се засрамите од себе!


Лиз Трас и нејзиниот руски колега Сергеј Лавров во Москва

Рускиот амбасадор во Обединетото кралство бил повикан од  британската министерка за надворешни работи Лиз Трас за да ги објасни постапките на Русија.

-Тоа беше лош состанок, изјавил официјален претставник на министерката за надворешни работи, кој според него завршил така што Трас побарала од амбасадорот да си замине.

Трас му порачала на амбасадорот дека треба да се засрами од себе и дека Русија го изгубила последниот кредибилитет кај меѓународната заедница.