Трамп помилува осуден медиумски магнат
Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува некогашниот медиумски магнат Конрад Блек, кој беше осуден за измама.
Блек, кој неодамна напишал пофална политичка биографија за Трамп, некогаш бил сопственик на „Чикаго сан-тајмс“ и „Дејли телеграф“.
Тој во 2007 година беше осуден за измама и отслужи три и пол години затвор. Блек, кој е роден во Канада, а е Британец, беше ослободен од затвор во 2012 година.
Претставничката за печат на Белата куќа Сара Сендерс изјави дека Блек „значително придонел за политичката и историската мисла“.
Блек минатата година ја објави книгата „Доналд Џ. Трамп: Претседател како ниту еден друг“.