Трамп побара од Украина да престане да ги гаѓа руските рефинерии за дизел


 

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да престане да ги таргетира руските рафинерии за дизел, имплицитно поврзувајќи го скокот на цените на дизелот во САД со војната во Украина, а не со конфликтот на Блискиот Исток што тој го започна, објави британската агенција Ројтерс.

„Разговаравме за тоа со Зеленски. Има многу други цели. Не таргетирајте го дизелот. Престанете да ја уништувате дизел инфраструктурата во Русија“, им рече Трамп на новинарите за време на посетата на Ирска.

Русија е еден од најголемите светски производители на дизел, но цената на горивото, која достигна рекордни 6,20 долари за галон во САД, скокна првенствено поради зголемувањето на цените на нафтата предизвикани од конфликтот со Иран, кој Трамп не успеа да го реши.

Американскиот претседател повтори дека војната во Иран треба да заврши кратко пред или веднаш по изборите за Конгресот во ноември, иако преговорите во моментов се во застој.