Трамп најави можна средба со Ким Џонг Ун


Претседателот на САД, Доналд Трамп, навести дека можеби ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговото патување во Азија.

„Доколку има таков состанок, тој ќе се одржи во Кина. Можеме да се сретнеме и со Ким Џонг Ун, па имаме шанса да постигнеме многу. Одлуката за ова ќе зависи од кинескиот лидер Ши Џинпинг“, рече Трамп, кој прво отпатува во Филипини.

Во рамките на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Шенжен, Кина, Трамп ќе има трилатерален состанок со Ши и рускиот претседател Владимир Путин в четврток. Средбата ќе биде историска, зашто трите велесили никогаш досега немале состанок на ниво на лидери.

Кремљ кажа дека средбата ќе има големо влијание врз глобалните случувања. Иако се очекува да разговараат за Украина, Иран и денуклеаризација, „Фајненшл тајмс“ објави дека тројцата лидери ќе се сретнат без однапред договорена агенда.
 

„Значењето и симболиката на овој состанок не можат да се преценат. Ова е прв состанок од ваков вид. Договорено е дека треба да биде структуриран во духот на меѓусебното разбирање и сојузништво на нашите три земји за време на Втората светска војна, со акцент на соработката во основањето на Обединетите нации“, рече советникот на Кремљ, Јури Ушаков.