Трамп ја критикува Русија: Бомбардираат како луди

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му се допаѓа тоа што Русија неодамна ги интензивираше нападите врз Украина.
„Не сум среќен што се случува со бомбардирањето, бидејќи тие [Русите] бомбардираат како луди во моментов“, рече Трамп за време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Овалната соба, додавајќи дека „тоа не е добра ситуација“.
Тој, исто така, потсети дека САД водат разговори и со Русија и со Украина за потенцијално мирно решение.
„Ние некако се приближуваме. Но, не сум задоволен од сите бомбардирања што се случуваа минатата недела. Ужасно. Тоа е ужасна работа“, заклучил Трамп.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп очекува Русија да биде подготвена да стави крај на војната.Високи функционери во администрацијата на Трамп сепак почнаа да признаваат дека САД можеби нема да можат да постигнат мировен договор за Украина во наредните месеци поради дополнителните услови поставени од Москва за време на преговорите.
Во меѓувреме, Трамп изјави за NBC News дека е бесен откако Путин го доведе во прашање легитимноста на Володимир Зеленски.