Трамп го поздрави враќањето на Џенсен Хуанг во „Нвидија“


Вашингтон – Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја пофали одлуката на одборот на директори на„Нвидија“ да го врати Џенсен Хуанг на функцијата извршен директор.

Во објава на Truth Social, Трамп напиша дека на земјата ѝ е потребно водството на Џенсен во производителот на чипови за да се обезбеди успех и просперитет на американската економија.

„Владата на САД нема причина да верува дека враќањето на Џенсен во компанијата претставува каков било ризик за националната безбедност. Генералниот обвинител потврди дека владата на САД нема докази дека тој се вклучил во какво било нелегално однесување“, рече Трамп во објава.

Според него, Џенсен е голем патриот и национално богатство, а „Нвидија“ треба да продолжи со својата темелна внатрешна истрага за усогласеноста на компанијата со контролите за извоз на САД за да се осигури дека ги исполнува своите законски обврски.

Одборот на директори на американскиот производител на чипови„Нвидија“  едногласно одлучи да го врати коосновачот на компанијата, Јенсен Хуанг, на позицијата извршен директор, а одлуката стапува на сила веднаш, објави компанијата денес.

„Нвидија“ изјави дека одлуката е донесена по консултации со високи претставници на американската администрација, пренесува NBC News.

Хуанг поднесе оставка на 12 ноември по афера со жена за која се сомневаше дека е кинески шпион, а одлуката за враќање беше донесена по низа разговори и состаноци со членовите на Одборот на директори.