Трамп го помилува Род Благоевич, можеби ќе биде амбасадор во Србија


 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот вечерта издаде целосно помилување за поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благоевич.

Помилувањето, кое прв го објави „Аксиос“, следува по известувањето дека Благојевич може да биде назначен и за амбасадор во Србија. Тоа ќе го отслика случајот на Чарлс Кушнер, кој беше осуден за затајување данок и беше помилуван пред да биде назначен за амбасадор. Лице блиско до Благојевич одби да каже дали поранешниот гувернер се разгледувал за амбасадорска улога.

На прес-конференцијата надвор од неговиот дом во понеделникот вечерта, Благоевич му се заблагодари на Трамп и го нарече „сјајно момче“. Благоевич, кој има српско и хрватско потекло, двапати патувал во Србија во последните месеци финансиран од приватни донатори – а не од претседателот, според второто лице блиско до поранешниот гувернер.

Благојевич беше осуден во 2011 година по обвиненијата кои вклучуваа обид за продажба на испразнетото место во Сенатот што го имаше Барак Обама откако беше избран за претседател, како и под обвинение за изнуда на детска болница во Чикаго. Трамп ја ублажи казната пред пет години како дел од списокот на други помилувања и ублажувања. Благојевич е еден од четворицата гувернери на Илиноис кои отслужувле затворска казна.

Откако му беше ублажена казната, Благојевич беше жесток бранител на Трамп откако претседателот се соочи со сопствените правни битки.

Некогаш демократ, Благојевич сега се нарекува себеси „трампократ“ и собра пари за кандидатурата за реизбор на Трамп. Благоевич, исто така, се појави во поранешното реално телевизиско шоу на Трамп, „Славен приправник“, во 2010 година.