Tрамп го назначи Марк Брновиќ за нов амeрикански амбасадор во Србија


 Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Марк Брновиќ за нов амбасадор на САД во Србија, јавија српските медиуми.

„Со задоволство можам да објавам дека Марк Брновиќ ќе биде нашиот следен амбасадор на САД во Србија“, напиша Трамп на Truth Social.

Трамп наведе во пораката дека Брновиќ е „горд ветеран на Националната гарда на армијата“, кој претходно ја извршувал функцијата јавен обвинител на државата Аризона.