Трамп ги укина санкциите кон Турција


Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека ги укинува санкциите кон Турција, откако е објавен прекин на офанзивата врз сириските Курди.

– Другите нека се борат околу тој крвав песок. Санкции повторно ќе бидат воведени, ако се сличи нешто со што нема да бидеме задоволни, истакна Трамп.

Тој нагласи дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го убедил дека ќе престанат борбите во регионот, како и дека неодамна договореното примирје ќе биде трајно.

САД воведе санкции кон Турција минатата недела како одговор на турската офанзива во североисточниот дел на Сирија, што почна на 9 октомври, против курдските борци, кои за Анкара се терористи, а беа главни сојузници на САД во борбата против Исламска држава.

Укинувањето на американските санкции уследи откако Русија и Турција вчера се договорија да бидат гарант на примирјето долж сириската граница, каде се распоредени руски воени трупи. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека сириската Влада ќе постави свои војници на 15 пунктови долж границата со Турција. Сириските и руските сили се распоредуваат во североисточна Сирија за да го надгледуваат повлекувањето на курдските борци и за да го отстранат нивното оружје долж границата со Русија.