Трамп ги повика компаниите да се преселат во САД за да избегнат царини

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика компаниите да се преселат во САД за да ги избегнат новите царини, а откако трговската војна со Кина ескалираше со стапување во сила на високи увозни давачки.
„Сега е совршено време да ја преселите вашата компанија во САД, како што тоа го прават Епл и многу други, во рекордни бројки“, објави Трамп на својата платформа Трут Соушл (Truth Social), ветувајќи „нула царини“ и „без еколошки одложувања“.
„Не чекајте – сторете го тоа веднаш“, додаде Трамп.