Трамп: Германија е нестабилен партнер – ги користи САД, а на Русија ѝ дава милијарди


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја обвини Германија дека е нестабилен партнер.
Наведе дека Германија ги користи САД и финансиски не придонесува многу.
„Германија дава милијарди и милијарди долари на Русија за енергија и покрај тоа, ние треба да ја штитиме Германија“, рече Трамп во интервју за Фокс бизнис, додавајќи дека Берлин е „нестабилен партнер.
Овие остри зборови Трамп ги кажа неколку часа пред заминувањето во Осака каде во петок почнува самитот на Групата 20 на индустриските најразвиени земји на светот.