Трајанов бара да се тргнат нерезидентните од пописот


Пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов бара Собранието да расправа за пописот. Трајанов го доставил барањето до претседателот на Собранието Талат Џафери и бара за Информацијата за пописот пленумот да расправа на наредната седница.

Тој предлага Собранието да донесе измени и дополнувања на Законот за попис на нселението, домаќинствата и становите со кои од пописот ќе се изостават нерезидентните, да се комплетираат податоците за 132.000 непопишани граѓани во делот на етничката, јазичната и верската припадност преку вкрстување на податоците, но и со директен контакт со лицата кои не се попишале. Исто така бара Владата да формира деветчлена експертска комисија која во соработка со Државниот завод за статистика и со другите државни институции ќе ги провери податоците од пописот и ќе ги отстрани евентуалните грешки.