Трагедија на летување: Тинејџерка починала по убод од отровна риба пајак
Тинејџерката починала од анафилактичен шок, на што му претходело опасен убод од пајак риба која испуштила отров.
Шпанските медиуми јавуваат дека тинејџерката се удавила, но обдукција утврдила дека таа починала поради анафилактичен шок.
Родителите на 16-годишната започнале истрага кога забележале дека таа не е таму, односно дека не се вратила од нуркањето.
Трагедијата се случила на околу 100 километри од Барселона. Безживотното тело на несреќната тинејџерка било извлечено од морето на плажа во близина на популарното одморалиште Плаја Де Аро.
Иако надлежните се прилично сигурни дека девојчето било гризнато од пајак риба, што го покажало и обдукцијата, официјалната причина за смртта ќе биде потврдена по токсиколошките анализи. На вратот на тинејџрката е пронајдена мала рана. Полицијата, наводно, го погледнала видеото, на кое се гледа девојче како плива на околу 100 метри од брегот . Таа најпрво наишла на медуза, а потоа на разнобојна риба, необична по изглед, која не изгледала опасно. Рибата го гризнала девојчето во вратот, во близина на душникот. Самата отровна риба пајак живее во целиот Медитеран, но и во Јадранското Море, а ја има и во Грција.