Повредени двајца што гаселе пожар во угостителски објект во Скопје


Фото: Б. Грданоски

 

Во вторникот, во 11.30 во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на бул.„Александар Македонски“.

Притоа, со повреди се здобиле Н.Т.(36) и Љ.Т.(52), двајцата од Скопје, кои се обиделе да го изгаснат огнот, по што биле пренесени во ГОБ „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.
За настанот бил известен трудов инспектор, а пожарот бил изгаснат од останатите вработени.
Се работи на расчистување на случајот.