Тинејџер доживеал струен удар додека снимал ТикТок врз цистерна во Кисела Вода


Момче на 17 годишна возраст попладнево доживеал струен удар додека бил качен на цистерна вагон во скопска Кисела Вода.

Од МВР велат дека по инцидентот вагонот се запалил, а момчето кое било од Волково, било пренесено во Ургентниот центар.

Не се познати причините за несреќата. Слични инциденти со тинејџери качени на вагони имаше и во минатото, а дел завршија и со фатални последици, откако наводно на вагоните снимале ТикТок видеа.