Тинејџер од Велес се обидел да изврши обљуба врз малолетничка

Приведен малолетник од Велес, кој вчера се обидел да изврши обљуба врз девојче, но не успеал. Случајот во полиција го пријавила, 36-годишна жена од велешко село, мајка на девојчето. Според нејзината изјава, вчера околу 13 часот во селото, 17-годишен малолетник се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка, но не успеал.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, за  настанот бил  известен јавен обвинител и надлежните од  Центарот за социјални работи од Велес.

-Малолетникот е приведен и задржан по полициска станица. Се работи на расчистување на случајот, информира Додевски.