Тимот за реконструкција на Универзална сала во низок старт, се чека само документацијата


Фото: Б. Грданоски

Повеќе од две години трае сагата околу реконструкцијата на Универзалната сала, која на две на три, почна уште пред заминувањето на претходниот градоначалник од функцијата. 

Нешто малку од работите за реконструкција продолжија и по доаѓањето на градоначалничката Данела Арсовска не чело на градот, но таа веднаш ги стопира работите, со објаснување дека плановите за реконструкција не се соодветни. 

Затоа, минстерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и министерот за локална самуправа беа „на гости3 кај Арсовска да ја убедат реконструкцијата на Универзалната сала да ја препушти на Владата, претставена преку Министерството за култура. По повеќе перипетии, Советот на Град Скопје изгласа одобрение Универзалната сала да ја реконструира Министерството за култура, а потоа да ја предаде на владение на градот Скопје. Пари за реконструкцијата на салата има и тие стојат во градската каса. 

Градот копје треба да ја достави документацијата цдо Министерството и да му ги префрли парите. 

Но, и покрај тоа што Скопје, ја доби титулата за Европски град на културата 2028 година, чиј носител на програмата е токму Универзалната сала, а на оваа вест заедно во Брисел се радуваа министерката и градоначалничката и денеска со голем културно-забавен настан ја презентираа програмата за оваа културна манифестација, сепак, ниту документација, ниту парите не се стигнати до министерството. Сепак, и двете, министерката и градоначалничката се убедени дека диманиката која е утврдена ќе биде запазена.

– Времено, Министерството за култура како институција која може да ги надмине овие бариери поради ингеренциите кои ги има, да ја заврши и истата да ја врати на владение на Градот. Реконструкцијата е отпочната, а се наиде на пречки во проектната документација во јули 2021 година нотирано во сите извештаи и записници направени од надзорот. Оваа постапка е во последниот квартал од своето извршување, министерството треба само да го доврши и понатаму да почне новата постапка којашто е за средување на внатрешноста на самиот објект. Во рамки на динамиката која претходно беше донесена, верувам дека навремено ќе биоде завршен – изјави Арсовска по презентацијата на програмата за Скопје – европска престолнина на културата 2028 .

– Кога ние ќе ја добиеме целосната документација и одлука од Град Скопје, веќе имаме тим од одделот за капитални инвестиции и надворешни соработници, коишто ќе го погледнат проектот, и кои ќе донесат одлука како понатаму ќе постапиме, односно ќе постапиме по динамиката која претходно е утврдена, што не значи дека нема да ги спроведеме сите потребни постапки како надзор при реконструкцијата и се она друго што опфаќа за конечно Универзална сала да биде реконструирана – појасни министерката Костадиновска – Стојчевска.

Дали Универзалната сала ќе продолжи да се реконструира според планот кој на Арсовска не и беше соодветен или Министерството ќе донесе друг, останува да видиме.