Тимот 3D Factory од земјава меѓу победниците на Балкатон 3.0


Регионалниот совет за соработка ги претстави победниците на третиот онлајн натпревар во Западен Балкан за најдобри дигитални решенија, Балкатон 3.0. Меѓу победниците на натпреварот што се одржа во Приштина се наоѓа и тимот 3D Factory од земјава.

– Тимот 3Д Фактори од Северна Македонија со „производство на адитиви, повторна употреба на ресурси и продолжување на животниот век на производите како неопходност за подобра животна средина“, идеја за развој на мобилна апликација за следење на локацијата на пластичен отпад со цел да се собере. Користејќи ја апликацијата, клиентите ќе можат да изберат локација каде што го оставиле својот отпад од филамент. Друга идеја на тимот е употребата на еколошки 3D печатачи се вели во соопштението на Регионалниот совет за соработка.

Меѓу другите победници се наоѓаат и тимот Farmbot од Србија со идеја „Soter Rover“, тимот Immortelle од Албанија со „Immortelle“, тимот на BeBeep од Црна Гора со идејата „Bebeep“,Team Eco Solution Research, од Косово со „Органско ѓубриво и обновлива енергија“ и тимот на IKS од Босна и Херцеговина со „REX – Recycling Extruder“.

– Вашите дигитални решенија што ги слушнавме денес имаат една крајна цел – да стават во употреба производи кои би биле од корист за граѓаните од регионот, без разлика дали доаѓаат од Скопје, Сараево, Приштина, Подгорица, Тирана или Белград. Млади, идеи, дигитални, иновации, регионална соработка – тоа е Балкатон, рече Мајлинда Брегу, генерален секретар на Советот за регионална соработка на Финалето на третиот онлајн натпревар на Западен Балкан за најдобри дигитални решенија, Балкатон 3.0 денеска во Приштина.

Во изминатите две години, околу 250 апликанти, како што се вели во соопштението, ја „вкусиле магијата на Балкатон“ и се натпреварувале, ги поместиле границите и размислувале поинаку. Веќе се развиени и пласирани девет производи и оваа бројка наскоро ќе порасне на 15.

– Оваа година добивме околу 60 апликации, со тимови од сите економии на Западен Балкан. Од 12 финалисти со 37 репрезентативци – 18 се девојки. Дополнително, девојките покажаа импресивно лидерство на овој Балкан – од 12 финалистки, седум тим лидери се девојки. Забележавме и зголемен интерес на девојките за е-трговија и логистика – 30 отсто од членовите на тимот во е-трговија се девојки, во логистика оваа бројка оди на 50 отсто, информираат од Советот.