Тим од основното училиште „Илинден“ Крива Паланка првпат учествува на меѓународниот натпревар за ЛЕГО роботика
Под менторство на Марија Смиљков наставничка по информатика и Зоран Милковски наставник по историја од училиштето од Крива Паланка „Илинден“ ќе биде дел од дводневниот ЛЕГО натпревар што ќе се одржи во Скопје.
-STEM образованието ги подготвува младите за идни професии во технологија и наука, развивајќи самодоверба, децата учат дека можат да создаваат решенија за реални проблеми во рамки на глобална заедница со тимови од целиот свет,каде се натпреваруваат и соработуваат. Овогодишната тема на FIRST LEGO League, сезона 2025/26, се вика „UNEARTHED“, тема што ги инспирира тимовите да „копаат подлабоко“ во минатото, да откриваат артефакти, приказни и иновации, и да размислуваат како тие можат да влијаат врз иднината.
Таа им овозможува на учесниците да градат роботи, да истражуваат реални предизвици и да развиваат вештини во STEM (Science, Technology, Engineering, Mathematics)- наука , технологија , инженерство и математика, информира наставничката Марија Смиљков.
Училиштето од Крива Паланка годинава првпат учествува на натпреварот, благодарение на вредната донација од областа на програмирање и роботика, овозможена од Bechtel Corporation & Robotics & Innovation Academy, ја продолжила својата општествена одговорност и хуманост.
-Донацијата беше наменета за учениците од формираниот клуб по роботика, што овозможи нашите ученици да направат чекор напред во светот на технологијата и иновациите.Преку оваа поддршка, ООУ „Илинден“ стана дел од глобалното семејство на FIRST LEGO League – Macedonia, каде што учениците со помош на LEGO роботи ќе можат успешно да го спроведуваат СТЕМ-образованието, градејќи вештини за 21 век – креативност, логичко размислување, тимска работа и иновативност, информира директорката Лорета Димитровска, упатувајќи особена благодарност упатуваме до
Броуни Хинспетер и Гордан Анастасов, кои со својата поддршка помогнале сонот за СТЕМ образование да стане реалност.
Таа потенцира дека во свет во кој знаењето и информациите растат и се лесно достапни, учениците треба да развиваат способности за анализа, планирање, логично и креативно размислување.
-Преку ваквите иницијативи, нашето училиште придонесува за: развој на иновативно општество, поттикнување на психо-физичкиот и интелектуален развој на учениците, градење на етички и морални вредности, тимска работа и комуникација и обезбедување на перманентен личен и професионален развој.
-Нашата визија останува и понатаму јасна и силна, создаваме модерно училиште во кое секој ученик ќе ги развива своите потенцијали, додаде Димитровска.
FIRST LEGO League е основана во 1998 година од организацијата FIRST (For Inspiration and Recognition of Science and Technology) и компанијата LEGO. Наменета е за млади на возраст од 4 до 16 години, поделени во различни дивизии според возраста. Целта е да ги инспирира младите да учат преку практично искуство, тимска работа и креативност.
Програмата се одржува во повеќе од 100 земји ширум светот.
-Годинашното тема „UNEARTHED“ им придонесува на тимовите да истражуваат археологија, историја и културни артефакти, проучуваме симболи, алатки и уметнички дела од минатото, што помагаат да создадеме подобра иднина преку користење на STEM вештини: наука, технологија, инженерство, математика, за да се поврзе минатото со иднината, нагласи наставникот по историја, Милковски.
Министерката Јаневска ќе го отвори ученичкиот натпревар „First Lego League 2025-2026“
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ќе се обрати на отворањето на ученичкиот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 UNEARTHED Chal-lenge“ со почеток во 10:00 часот во Дајмонд Мол во Скопје.
Натпреварот се одржува осма година по ред, во организација на Академијата за роботика и иновации.