ТикТок ќе им забрани на децата да пренесуваат во живо


Социјалната мрежа ТикТок сака да ги спречи децата да покренат (livestream) пренос во живо, така што ќе ја подигне ворасната граница.

Новото правило на ТикТок стапува на сила од ноември, а според тоа возрасната граница ќе биде подигната од 16 на 18 години.

Претходно, Би-би-си објави истражување со кое пронашле стотици деца кои со livestream од сириските бегалски кампови молат за донации. Некои деца во еден час добивале и по 1.000 долари, но кога ги повлекуваат парите ТикТок зема 70 отсто.

Во иднина само возрасни ќе може да праќаат виртуелни подароци и да пристапат на функциите за моентизација. Освен тоа, од следниот месец, само на возрасните ќе им биде дозволено да пренесуваат во ќиво.