Тихановска се враќа во Белорусија, тврди нејзината овластена претставничка
Светлана Тихановска, која беше втора на неодамнешните претседателски избори во Белорусија, и сега е пребегана во странство, наскоро ќе се врати во земјата, изјави денеска нејзината овластена претставничка, Олга Ковалкова.
Како што потсетува Тасс, на 10 август, ден по изборите, Тихановска избега во Литванија.
-Таа не планираше да замине, и затоа сум сигурна дека наскоро ќе се врати, рече Ковалкова.
Според официјалните резултати, актуелниот претседател Александар Лукашенко освои 80,1 отсто од гласовите, додека Тихановскаја, како негов главен ривал, освои 10,12 отсто.
По тврдењата за изборна кражба во Белорусија избија масовни протести што се уште траат. Опозицијата не ги прифаќа официјалните изборни резултати и смета дека Тихановска е избрана претседателка до одржувањето на нови избори.