Тетово со акција за чист и безбеден град – инспекторите на терен

Согласно законските обврски и заложби за подобрување на условите за живот во општина Тетово, градоначалникот Биљал Касами, на 24.03.2025 година донесе решение кое помага за зајакнување на инспекцискиот надзор и одржување на јавната безбедност на територијата на општината. Оваа одлука донесена согласно член 71 став 1 од Законот за инспекциски надзор и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа, има за цел дополнително да ги регулира активностите и објектите со голема фрекфенција на граѓани, како што се трговските центри, верските објекти, угостителските објекти и други.
Оваа одлука, која е дел од тековната заложба на Општина Тетово за една администрација која работи за граѓаните, има за цел да обезбеди, секој субјект кој врши активности во објекти од јавен интерес, да ги почитува релевантните закони и стандарди.
Конкретно, надзорот ќе се врши согласно Законот за градење, Законот за животна средина, Законот за квалитет на воздухот, Законот за управување со отпад и Законот за јавна чистота.
Општина Тетово, исто така, презема конкретни чекори овие инспекциски надзори да се спроведуваат транспарентно и согласно највисоките стандарди, вклучително и целосен извештај кој ќе биде доставен до градоначалникот. Оваа иницијатива е уште еден чекор за да се гарантира безбеден и здрав град за сите наши граѓани и да се зајакне довербата на граѓаните во институцијата Општина Тетово.
Ова е важен чекор за секој граѓанин на Тетово да може да живее во чиста и безбедна средина. Општина Тетово, предводена од градоначалникот Биљал Касами, спроведува политики кои му служат на општиот интерес, фокусирајќи се на зачувување на квалитетот на животот и подобрување на еколошките услови. Ова е уште еден доказ за непоколебливата определба на општината да ја гарантира заштитата на граѓаните и нивната животна средина.
По завршувањето на надзорот, општина Тетово ќе обезбеди детален извештај за сите преземени мерки и дејствија, кој ќе биде јавно објавен и кој секој граѓанин може да го разгледа за да биде запознаен со процесот.
Општина Тетово е посветена да обезбеди чист, безбеден и праведен град за секој граѓанин и ќе продолжи да презема понатамошни чекори за постигнување на овие цели.