Без струја дел од корисниците во општините Петровец и Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски

Дел од корисниците во општините Петровец и Кисела Вода денеска во одреден период од денот ќе имаат прекин во дотокот на електрична енергија.

ЕВН Македонија АД информира дека во периодот од 8.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од УЛ.1 и УЛ.5 (и Кипер Маркетот) ќе бидат без струја во општина Петровец.

Во периодот од 9.00 до 14.00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.Ваташа во општина Кисела Вода.