МВР за поранешниот возач на Хазби Лика: Станува збор за самоубиство!


Телото на поранешниот возач на Хазби Лика, Фатмир Тахири од Тетово попладнево е пронајдено безживотното на главниот плоштад во Тетово. Од МВР велат дека телото било најдено од страна на неговиот син на крстосницата на улицата Киро Ристовски-Дрнц и Андреа Стојановиќ во Тетово,  информира полицијата

-Извршен е увид од страна на екипите на СВР Тетово и јавен обвинител по што е констатирано дека станува збор за самоубиство на лицето Ф.Т (57). Самоубиството е потврдено и од јавниот обвинител, информираат од СВР Тетово.

Случајот во тетовската полиција е пријавен во 11 часот.  Човекот бил вработен во општина Тетово.