Тешко повредена малолетничка во Скопје откако во неа удрил автомобил


Фото: Б. Грданоски

Вчера околу 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ со ул.„Нерешка“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот В.А. од Скопје удрило во малолетничка-пешак.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.