Teшко повреден малолетник во сообраќајка во Прилепско


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи информираше дека во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Црнилиште, прилепско, патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.А.(48) од с.Црнилиште, удрило во електричен тротинет управуван од малолетник од с.Црнилиште, прилепско.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а неговиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди констатирани во Општа болница Прилеп, стои во полицискиот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.