Тешка сообраќајка кај Пресека: Петмина повредени, меѓу нив и две деца

На магистралниот пат Кичево-Охрид, вчера попладнe кај планинскиот превој Пресека, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.
-Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.