Тешка сообраќајка кај Блаце: Во судар на автобус на ЈСП со два автомобила загина 17-годишно момче


Автобус на ЈСП Скопје со број 81 се судрил со автомобил вчера кај Блаце.

Според информациите на ТВ21 од терен, починал возачот на автомобилот на самото место, а совозачот бил пренесен во болница.

Фото/видео: ТВ 21

Како што соопшти МВР, вчера околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од с. Блаце, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, по што возачот со возилото го напуштил местото.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд галакси“ и неговиот малолетен сопатник од Блаце, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде што подоцна возачот починал.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.