Тепачки низ земјата: Маж си ја нападнал сопругата, тепан и малолетник
Повеќе физички пресметки се случиле во последното деноноќие на територија на целата земја, а меѓу жртвите се сопруга, малолетник, полицајци. Се користеле и остри и тврди предмети.
Имнео, ноќеска во 1.40 часот на ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ во Струмица, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.В.(25) од Струмица затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Вчера во 21.10 часот во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ч.(73) од Велес затоа што во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 58-годишна сопруга и со остри предмети се обидел да ја повреди.
Тој бил приведен во полициска станица, а предметите биле пронајдени и одземени.
Ноќеска во 01.20 часот на ул.„29ти Ноември“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.К.(29), Г.К.(18) и Н.К.(37), сите од Тетово, затоа што физички го нападнале Џ.М. од Тетово.
Вчера во 22.30 часот во Полициското одделение Ново Село, М.М.(44) од с.Дражево, струмичко, пријавил дека околу 22 часот пред спортска обложувалница во Ново Село бил физички нападнат од едно лице.
Околу 20 часот вчера во СВР Скопје, С.К.(42) од Скопје пријавил дека пред неговиот дом на ул.„Нов Живот“, М.Ј.(28) од Скопје со остар предмет го нападнал неговиот малолетен син и му нанел повреда.
Според пријавеното, неговите роднини М.К.(21) и М.С.(42), кои биле во близина, со тврди предмети го нападнале М.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 15.50 часот во СВР Скопје, М.В.(59) од Скопје пријавил дека на ул.„Скупи“ бил физички нападнат од едно лице поради недоразбирање во сообраќајот.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, а потоа ќе бидат поднесени соодветни пријави.