Тепачки низ цела Македонија, во кафеани, на улица, сопруга нападнала сопруг

Повеќе физички пресметки се регистрирани во изминатото деноноќие на територијата на цела држава, при што повредени се и малолетници, а во еден случај сопругата го нападнала сопругот со тврди предмети.
Во саботата, во 16.10 часот С.А. пријавил дека истиот ден околу 15 часот во угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат со тврди предмети од неговата сопруга С.С.(59) од Гостивар. Таа била приведена и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во неделата утрото, во 4.15 часот Т.Б.(41) од Скопје пријавил дека претходната вечер во 21.15 часот на локалниот пат во близина на с.Ново Брезница тој и неговиот зет В.К.(44) биле физички нападнати од Б.К.
Во саботата, во 20,30 часот А.П.(21) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице.
Истиот ден, во 19.40 часот С.Л.(55) од Скопје, пријавила дека на подрачјето на Аеродром таа и В.Л. биле физички нападнати од две лица.
Во 15,00 часот било пријавено дека во с.Љубанци-скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу О.Н.(34) од една страна и Љ.Б.(56) и Д.С.(83) од друга страна сите од Скопје.
Во 16,10 часот Н.Н.(31) од Скопје пријавила дека во с.Љубанци, по претходно нарушен јавен ред и мир била физички нападната од Љ.Б.(56) од Скопје.
Во 8.30 часот С.Џ.(56) од Валандово пријавил дека во Струмица бил физички нападнат од едно лице.
Во 9.30 часот Т.Т.(67) од Струмица пријавил дека во Струмица бил физички нападнат од две лица.
Во 21 часот било пријавено дека во Радовиш во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу З.Г.(33), Ж.Т.(57) и С.С.(24) сите од с.Ораовица.
Во 12.30 часот Ф.И.(36) од Тетово пријавил дека во угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од Ф.Н., вработен во објектот.
Во 17.50 часот А.Р.(43) од Тетово пријавил дека во Тетово неговите две малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Во 18.30 часот М.Б.(54) од с.Теново пријавил дека во Зелен пазар во Тетово бил физички нападнат од К.Б. и Р.Б.