Тепачки и навреди пред политички штабови
Неколку инциденти биле пријавени во полиција, ден пред одржување на локалните избори, што што оштетена е и камера на снимател, кој наводно новластено снимал.
Имнео, во саботата во 21.55 часот во СВР Скопје, претседател на избирачкиот одбор пријавила дека во с.Средно Коњари и во с.Катланово биле поставени плакати од кандидат за градоначалник на Општина Петровец.
Истиот ден, во 23 часот во СВР Штип, од една политичка партија било пријавено дека од нивни штаб во с.Таринци бил отстранет плакат од нивниот кандидат за градоначалник на општина Карбинци.
Во 21.42 часот во ОВР Прилеп, И.Т. пријавил дека неовластено бил сниман пред штаб на политичка партија и дека бил физички нападнат од две лица. Во врска со истиот настан , И.Н.(29), од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од едно лице и дека му била оштетена камерата пред штабот на политичката партија.
Во 21.10 часот во ОВР Прилеп, М.М.(27) и И.Н.(29), двајцата од Скопје пријавиле дека биле физички нападнати и навредувани од неколку лица пред штаб на политичка партија во Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.10.2021 во 11.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Облешево, кочанско, на зграда бил испишан графит во врска со изборите, а биле залепени и повеќе плакати од кандидат за градоначалник на општина Чешиново-Облешево. Бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.