Температурата денеска околу 30 степени


Фото: Б. Грданоски

 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во Повардарието повремено ќе има засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.