Телото нешто ви кажува доколку често посегнувате по одредена храна

Доколку често посегнувате по одредена храна, тоа во голем број на случаи укажува дека на вашиот организам нешто му недостасува

Нешто слатко – недостаток на хром

Желбата за слатки укажува на пад на нивото на шеќер во организмот, а по конзумирање на бонбоните, шеќерот повторно се крева и се ослободува инсулин. Но, тоа е ненадејна флуктуација во телото штом нивото повторно ќе се спушти и ќе мора повторно да изедете нешто слатко. Значи, колку повеќе слатки јадете, толку повеќе вашето тело ќе бара. За да се спречи ова, експертите советуваат земање на хром, што е важно за нормална функција на инсулин во организмот и нормален проток на шеќер во крвта.

Телото ќе има доволно хром ако исхраната ви е богата со овошје и зеленчук, месо, риба и житарки. Особено е корисно да се јаде брокула, мешунки и да се пие сок од грозје, бидејќи се богати со овој минерал. Тогаш нема да се случи да, на пример, околу 15 или 16 часа чувствувате огромна желба за слатко.

Само чоколадо ти е на ум – ти недостасува магнезиум

Се верува дека дури 80 проценти од луѓето имаат недостаток на магнезиум во организмот, а магнезиумот е добар за одржување на имунолошкиот систем и спречување на воспаление. Исто така, игра клучна улога во балансирање на нервниот систем и олеснување на анксиозноста и здравјето на коските. Храната богата со магнезиум вклучува темно зелен лиснат зеленчук, ореви, семе, риба, грав, житарки, авокадо, јогурт, банани и темно чоколадо.

Солена храна – недостаток на натриум

Неопислива желба за солена храна покажува дека на организмот му недостасува натриум, што е многу важно за одржување на водата во организмот а со самото тоа и за крвниот притисок.  Наместо чипсови, подобро е да посегнете по целер, моркови или солена риба.

 

Јадете тесто – ви недостасува триптофан

Ако често јадете тестенини, ориз, леб, житарки, компири, грав тоа укажува на недостаток на сложени јаглехидрати. Тие содржат триптофан, есенцијална аминокиселина која помага да се регулира производството на серотонин, познат како хормон за среќа. Недостаток на триптофан во организмот доведува до лошо расположение и вознемиреност.

Во овој случај, експертите советуваат дека е подобро да се јаде мисирка, јајца, банани или ореви, наместо помфрит или некои колачи.

Голема желба за месо – тоа е недостаток на железо

Доколку не комсумирате црвено месо може да доведе до недостаток на железо во крвта, што е одговорно за транспорт на кислород во организмот и игра голема улога во поддршката на имунолошкиот систем. Ако страдате од недостаток на железо, луѓето стануваат многу уморни и не спијат доволно.

Експертите посочуваат дека црвеното месо треба да биде на менито најмалку еднаш неделно. Но, железото се наоѓа и кај црниот дроб, житарките, сардините, семките од тиква, брокулата, спанаќот, гравот и др

Често јадете кисела храна – гастрични киселини недостасуваат

На пример, ненадејната желба да се јаде кисели краставички укажува на тоа дека на организмот му недостасуваат гастрични киселини, а тоа може да предизвика дигестивни проблеми, алергии и чувство на непријатност во абдоменот. Особено, желудочната киселина ја расипува храната, ја дезинфицира и стерилизира храната што ја јадеме.

Добро е да пиете пробиотици (добри бактерии) затоа што тие ја враќаат рамнотежата во микрофлората на цревата