Телото на млада жена најдено кај браната „Градче“ кај Кочани


Вчера во 20:13 часот во подножјето на браната „Градче“ кај Кочани од страна на вработени во ЈП „Водостопанство“ било пронајдено тело на 26-годишна жена. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт по што било извршено препознавање од страна на родителите.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.