Телескопот „Џејмс Веб“ ги прати првите фотографии од вселената


 

Новиот телескоп на американската вселенска агенција НАСА, „Џејмс Веб3, ги прати првите фотографии оф вселената.

НАСА објави мозаик од фотографии на ѕвезди направени со користење 18 сегменти на примарно огледало, а мозаикот изгледа како колекција матни точки.Но, токму тоа тимот на Земјата и го очекуваше, а овие фотографии им се многу од помош на научниците за да го завршат процесот на порамнување на огледалата за користење на камерата NIRCam (Near Infrared Camera).

Материјалот кој го направи телескопот е резултат на 25-часовно насочување на телескопот во 156 различни позиции и бележење на 1.560 фотографии на сензорите на NIRCam. Тимот креираше мозаик со користење „потписи“ на секој сегмент од огледалата. Визуелните артефакти потекнуваат од употребата на инфрацрвена камета на температури над ледени, а кои се потребни телескопот да извршува научна опсервација. Фотографијата во прилог не претставува цел мозаик, затоа што полната резолуција е поголема од два гигапиксели.

Мозаикот претставува демонстрација на новиот телескоп во акција,а претходно е објавен „селфи“ на главното огледало направено со камерата NIRCam. И ова „селфи“ е матно, но сепак прикажува потполно расклопено огледало и дополнително ја нагласува важноста на порамнување.

Ѕвездата во овој случај осветлува само еден сегмент и тоа е единствен порамнет со небеските тела, а же биде потребно уште време за да се порамнат сите сегменти.

Научниците очекуваат први научно корисни фотографии од телескопот „Џејмс Веб“ во текот на летото, така што тие ќе бидат научно повозбудливи, посебно ако почнат да даваат информации за раната вселена. Сепак, она што сега го гледате е јасен показател дека телескопот е во добра состојба.