Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тексас, САД, објави веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри, на 68 километри северно од Пекос, Тексас.

Потресите ги почувствувале и жителите во Мексико.