Татко и деветгодишно дете најдени мртви во автомобил


Татко и неговиот деветгодишен син од село Опае синоќа биле пронајдени мртви во автомобил во атарот на кумановското село Слупчане.

Според официјалните информации од МВР, полицајци од одделението во Матејче синоќа околу 22.40 часот пронашле патничко возило „опел астра“ со скопски регистерски ознаки во кое биле две лица без знаци на живот.

Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото и било констатирано дека непознато лице со огнено оружје пукал кон таткото и синот.

Телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.