Тајно снимани челниците на Си-ен-ен


Проектот „Веритас“ објави тајно снимани аудио снимки од телефонски разговори на раководстовот на Си-ен-ен, за кои тврди дека укажуваат на политичка пристрасност на мрежата.

Се се случувало, како што наведува за време на предизборната кампања на претседателските избори во САД, а по објавувањето на снимките од Си-ен-ен најавија тужба против „Веритас“, наведувајќи дека можеви се работи за кривично дело.

Основачот на „Веритас“ Џејмс О`Киф изјави дека од таа конзервативна група тајно ги снимале утринските телефонски разговори на уредништвото на Си-ен-ен во текот на два месеца, како и дека на повеќето снимки се слуша гласот на претседателот на телевизиската мрежа Џеф Закер.

Снимените разговори на Закер со други челници на медиумската куќа сугерираат дека не сакаат да бидат непристрасни кога станува збор за известување за моменталната ситуација, изјави О`Киф, пренесе Фокс њуз.

Додава дека на мета на Си-ен-ен посебно се нашле претседателот на САД, Доналд Трамп, водителот на Фокс њуз Такер Карлсон и републиканскиот сенатор Линдзи Грахам.

„Изјавите на највисоките раководители на Си-ен-ен докажуваат дека нив едноставно не ги интересира непристрасноста во известувањето“, вели тој.

„Веритас“ меѓудругото, го цитита шефот на Си-ен-ен Џеф Закер, кој зборува за актуелниот претседател.

„Ова е претседател кој знае дека губи, кој знае дека е во неволја, дека е болен, можеби и сетоа ова е последица на стероидите или не. Не знам… Но, се однесува очајно и нестабилен е и тоа ние не треба да го нормализираме“, вели машки глас на снимката.

Си-ен-ен најави покренување постапка против „Веритас“ поради објавување на снимките, пренесе „Вашингтон тајмс“. „Правните експерти велат дека ова може да биде кривично дело“, соопштија од Си-ен-ен.