Од вувузелите, навредите и заканите расправата во Собранието стана бесмислена


  Она што требаше да биде соочување на аргументи, па и можно усогласување на консензуални заклучоци на Собранието што треба да ѝ бидат доставени на Владата околу француско-европскиот предлог за кревање на бугарското вето, се претвори во заглушувачка еднострана „дискусија“. Поради жестокиот звук на вувузелите и свирчињата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на телевизискиот пренос можеа …

Од вувузелите, навредите и заканите расправата во Собранието стана бесмислена Read More »

И денеска затворени булевари и улици во центарот на Скопје


И денеска затворени за сообраќај се улицата „11-ти Октомври” на потегот од бул.„Кочо Рацин” до ул.„Димитрије Чуповски” и ул.„Даме Груев” на потегот од ул.„Македонија” до ул.„11-ти Октомври”. Сообраќајната полиција не дозволува влез на автомобили по овие градски сообраќајници поради демонстрациите кои се најавени и за денеска пред Собранието на Македомнија, како и заради кампот под …

И денеска затворени булевари и улици во центарот на Скопје Read More »

Предлог-преговарачката рамка пред пратениците, дебатата продолжува денес


Во Собранието вчера започна дебатата по Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за старт на пристапните преговори на земјава со Европската Унија, со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, кој порача дека овој европски предлог за деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес и за старт на преговорите на земјава со ЕУ на вистински начин ги отсликува нашите …

Предлог-преговарачката рамка пред пратениците, дебатата продолжува денес Read More »

(Во живо) Обраќање на премиерот Ковачевски во Собранието


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, ќе има свое обраќање на 81-та пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на чиј што дневен ред е точката  „Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со …

(Во живо) Обраќање на премиерот Ковачевски во Собранието Read More »

Фон дер Лајен дочекана со аплаузи, тропања и извици за предавници


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше дочекана бурно во македонското Собрание додека ги уверуваше пратениците дека македонскиот јазик е наш јазик и дека одлуката што треба да ја направиме е одлучувачка за нашата иднина. „Конечно сме на прагот на одлучувачки чекор во евроинтеграцијата. Покажавте витален капацитет да го промените вашето општество, воспоставивте …

Фон дер Лајен дочекана со аплаузи, тропања и извици за предавници Read More »

Од утрово затворена улицата пред Собранието


Улица „11 Октомври“ утрово веќе е затворена за сообраќај откако за во 12 часот денеска е најавен протест пред Собранието. Затворени се улиците од крстосницата кај Црвен крст до деловниот центар „Палома бјанка“. Може да се забележи засилено присуство на полицијата во паркот Жена борец, околу Зелено пазарче, на Кејот и на плоштадот „Македонија“. Пред …

Од утрово затворена улицата пред Собранието Read More »

Собранието ќе расправа за францускиот предлог


  Пред пратениците во Собранието денеска ќе се најде францускиот предлог, а претходно на пленарна седница обраќање ќе има претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен ќе се обрати пред Собранието, во рамки на 80-тата пленарна седница, на која како што е најавено се поканети и претставници на …

Собранието ќе расправа за францускиот предлог Read More »

Урсула Фон дер Лајен ќе се сретне со Пендаровски, Ковачевски и со Џафери пред седницата во Собрание


Утре во 11 часот македонскиот претседател Стево Пендаровски ќе има средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен. Посетата на Македонија претседателката на Европската комисија ќе ја продолжи со средба со претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски. Пред седницата во Собрание предвидена е средба на претседателката на Европската комисија со претседателот на …

Урсула Фон дер Лајен ќе се сретне со Пендаровски, Ковачевски и со Џафери пред седницата во Собрание Read More »

Владата ги достави до Собранието документите од францускиот предлог


Владата денеска според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба. Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите …

Владата ги достави до Собранието документите од францускиот предлог Read More »

Кривична пријава против 26-годишник за фрлање „молотови коктели“ кон полицијата пред Собранието


Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Ф.(26) од Скопје, осоомничен  за сторени две кривични дела – „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и „предизвикување општа опасност“. -На 5 јули 2022 околу 21 часот, за време …

Кривична пријава против 26-годишник за фрлање „молотови коктели“ кон полицијата пред Собранието Read More »

ВМРО-ДПМНЕ и Павле Трајанов ја нарекоа несериозна информацијата на Владата за францускиот предлог


  Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Павле Трајанов од ДС денеска речиси унисоно реагира за информацијата што ја испратила Владата до Собранието околу преговарачката рамка за преговорите со ЕУ. Нивното образложение е дека „не содржи ниту еден документ“. А особено поради тоа што го нема Протоколот меѓу Бугарија и Македонија. Координаторот на пратеничката група на …

ВМРО-ДПМНЕ и Павле Трајанов ја нарекоа несериозна информацијата на Владата за францускиот предлог Read More »

Владата го испрати францускиот предлог во Собранието


Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија. На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно …

Владата го испрати францускиот предлог во Собранието Read More »

Кривична пријава против 12 лица за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, одреден и притвор


 Во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 05.07.2022 година за време на граѓански собир пред Собранието, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградите на Собранието, Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, …

Кривична пријава против 12 лица за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, одреден и притвор Read More »

Приведено лицето што фрли молотов коктел кон Собранието на протестите против францускиот предлог


Полицијата во текот на вчерашниот ден го лиши од слобода лицето кое на 5 јули за време на протестот против францускиот предлог фрли молотов коктел кон зградата на Собранието. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за Ј.С. (18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и го призна делото. По документирање на …

Приведено лицето што фрли молотов коктел кон Собранието на протестите против францускиот предлог Read More »

Демонстрантите се разотидоа – пред Собранието се фрлаа димни бомби, а кај „Скендербег“ се пукаше


Протестите што се одржуваат веќе петти ден по ред под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, вечерва завршија мирно. Протестот кој почна пред владината зграда продолжи со марш кон Министерството за надворешни работи каде што демонстрантите овој пат положија рози пред полицијата, кои ја чуваа безбедноста на зградата на МНР. Цвеќиња беа положени исто така и …

Демонстрантите се разотидоа – пред Собранието се фрлаа димни бомби, а кај „Скендербег“ се пукаше Read More »

Џафери објави снимки од последиците од синоќешното дивеење пред Собранието


По синоќешните протести против францускиот предлог кога група луѓе насилно се однесуваа пред институциите, и зградата на Собранието има штети, а снимки од резултатот објави спикерот Талат Џафери.   – Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто …

Џафери објави снимки од последиците од синоќешното дивеење пред Собранието Read More »

Во Собранието прва средба на работните групи за заклучоците за почеток на преговори со ЕУ


Координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии денеска се очекува да одржат прва средба на која ќе се разговара за заклучоците што треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието во врска со европскиот предлог и отпочнувањето на преговори за влез во ЕУ. Двете најголеми политички партии во Собранието, владејачката СДСМ и …

Во Собранието прва средба на работните групи за заклучоците за почеток на преговори со ЕУ Read More »

Дачиќ: Српскиот парламент ќе се конституира до крајот на јули


 Досегашниот претседател на српското Собрание и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека очекува до крајот на јули да се конституира новото свикување на српското Собрание и релативно брзо да се формира новата Влада на Србија, а кога е во прашање формирање нова владејачка коалиција, тој оцени дека тоа е одлука на најголемата партија …

Дачиќ: Српскиот парламент ќе се конституира до крајот на јули Read More »

Џафери се спаси од интерпелација


Пратениците синоќа не ја изгласаа интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери, што ја поднесе опозицијата. „Против“ гласаа 61 пратеник, а „за“ беа 43 пратеници. Во текот на дебатата, опозицијата го обвини Џафери за кршење на одредбите од Уставот и Деловникот за работа на Собранието, за немање капацитет за водење на собраниските седници и за …

Џафери се спаси од интерпелација Read More »

Седница за интерпелација за претседателот на Собранието Џафери


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржи 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за …

Седница за интерпелација за претседателот на Собранието Џафери Read More »