Бугарскиот спикер позитивен на Ковид-19, доведена во прашање посетата на Петков на Македонија
Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на корона вирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, откако се почуствувал лошо Минчев направил тест. …