(Фото) Велигденски ручек на Маја Иванова за сопругите на амбасадорите во Македонија


Сопругата на македонскиот претседател Маја Иванова, денеска организираше велигденски ручек за сопругите на резидентните амбасадори во Република Македонија, при што беа посетени манастирската црква „Св. Андреја“ и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ на Матка во близина на Скопје. На ручекот присуствуваа сопругите на амбасадорите на Европската унија, Русија, Чешка, Германија, Унгарија и Шведска. Според Иванова, …

(Фото) Велигденски ручек на Маја Иванова за сопругите на амбасадорите во Македонија Read More »

Иванов со семејството на полноќна велигденска литургија во Кавадарци


Претседателот Ѓорге Иванов заедно со сопругата Маја Иванова и синот Иван, по повод големиот христијански празник Велигден, присуствуваше на Свечената Воскресна литургија во црквата „Света Петка Преподобна“ во Кавадарци. На полноќната велигденска литургија во црквата присуствуваше и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Средба на првите дами на Македонија и Турција


Првите дами на Република Македонија и Република Турција, Маја Иванова и Емине Ердоган, на денешната средба во Анкара размениле информации и мислења за нивните искуства и активности на кои досега се ангажирани. Иванова, како што соопшти кабинетот на македонскиот претседател, се заблагодарила за досегашната одлична соработка со ТИКА – Турската агенција за соработка и координација, …

Средба на првите дами на Македонија и Турција Read More »

Во претседателската резиденција за празниците: На Бадник кај првата дама


Утрово на Бадник, во домот на Иванови, претседателската резиденција на Водно, ќе биде весело. Семејството на претседателот Ѓорѓе Иванов, како и лани, ќе ги прими на гости дечињата од бадникарската поворка, кои со пеењето на изворната христијанска песна „Вечниот Бог“ ќе го најават Христовото раѓање. Претседателскиот пар, традиционално, ја поминува бадниковата вечер семејно, дома. И …

Во претседателската резиденција за празниците: На Бадник кај првата дама Read More »

Маја Иванова им подари новогодишни пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести


Сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова денеска ја посети Клиниката за детски болести во Скопје и на децата, кои се лекуваат на клиниката им подели новогодишни пакетчиња по повод новогодишните и божиќните празници. – Традиционално, последниот ден од годината го поминувам со децата кои што се хоспитализирани на Детската клиника во Скопје и …

Маја Иванова им подари новогодишни пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести Read More »