Хан: Изјавата за решение на спорот за две недели беше погрешно пренесена


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, порача дека неговата изјава дека спорот за името може да се реши за две недели била погрешно разбрана. -Тоа беше грешка, има и снимка. Јас реков дека имам верба дека за неколку недели (a couple of weeks) може да се најде решение, а не за две недели (two weeks). Тоа …

Хан: Изјавата за решение на спорот за две недели беше погрешно пренесена Read More »

Во Солун нов обид на Димитров и Коѕијас да ги приближат ставовите за „најтешките прашања“


Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска ќе имаат нова билатерална средба во рамките на министерскиот состанок што се одржува во Солун. Средбата е можност за продолжување на разговорите за решавање на долгогодишниот спор за името. Иако, формално, преговорите за името се одвиваат со посредство на медијаторот Метју …

Во Солун нов обид на Димитров и Коѕијас да ги приближат ставовите за „најтешките прашања“ Read More »

Заев: Македонија може заедно со Грција да постигне решение пред одржување на Советот на министрите на ЕУ


Верувам дека може Македонија заедно со Грција да постигне решение пред одржување на Советот на министрите на ЕУ, изјави премирот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по потпишувањето на меморандумот за соработка со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили. Прашан кога очекува да се достави компромисно решение за името во …

Заев: Македонија може заедно со Грција да постигне решение пред одржување на Советот на министрите на ЕУ Read More »

Колку ќе ги чини туристите новата такса за престој во Грција?


Од оваа година сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција се должни на гостите да им пресметаат данок на престој, односно такса за престој. Плаќањето на таква такса е воведено во хотелите од една до пет ѕвездички, како и во останатите капацитети за сместување (апартмани, соби, вили) кои примаат гости за …

Колку ќе ги чини туристите новата такса за престој во Грција? Read More »

Курумблис: По решавањето на прашањето со Македонија, Грција ќе стане регионална сила


Атина треба да ги реши отворените прашања со Македонија и Албанија, а по затворањето, Грција ќе стане регионална сила на Балканот. Ова го изјави грчкиот министер за поморски транспорт Панајотис Курумблис. Тој верува дека начинот на кој владата, премиерот Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас ги водат разговори за името, ги гарантира …

Курумблис: По решавањето на прашањето со Македонија, Грција ќе стане регионална сила Read More »

Грчките медиуми не го заборавија македонскиот на Туск


Одлуката на Доналд Туск изјавата на прес-конференцијата со Зоран Заев да ја даде на македонски јазик, не остана незабележана од грчките медиуми. Дел од новинарите во Грција, акцентот во нивните текстови го ставија токму на македонскиот јазик на претседателот на Европскиот совет. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во текстовите во грчките медиум, …

Грчките медиуми не го заборавија македонскиот на Туск Read More »

Туск за спорот со Грција: Невозможното станува возможно


Невозможното станува возможно е оценка на претседателот на Европскиот совет,  Доналд Туск, во однос на процесот за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција за спорот со името. – Минатата година слушнав дека е невозможно да се реши ова прашање, но сега сте блиску до успех, рече Туск, на заедничката прес-конференција на лидерите од Процесот …

Туск за спорот со Грција: Невозможното станува возможно Read More »

Ципрас: Грција првпат искрено се залага за решение на името


Грција по прв пат на толку решителен начин се обидува да најде заемено прифатливо решение за прашањето за името со гаранции дека ќе има конечно решение, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас на прес-конференцијата во премиерската палата, …

Ципрас: Грција првпат искрено се залага за решение на името Read More »

Во Атина средба Ципрас- Јункер


Преговорите меѓу Грција и нејзините доверители за финализирање на последната програма за спасување и излезот на земјата на пазарите денеска ќе бидат акцентирани на состанокот во Атина меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, објави „Катимерини“. Состанокот се смета за чин на висока симболика за поддршка од Европската комисија во …

Во Атина средба Ципрас- Јункер Read More »

Грчкиот Парламент одобри продажба на неколку електроцентрали


Грчките пратеници одобрија денеска продажба на електроцентрали од Националната електро-компанија и покрај протестите на вработените, кои ја оквалификуваа продажбата како „национален криминал“. Мнозинство пратеници го одобрија законот со кој државната компанија за снабдување со електрична енергија може да почне да ги продава електроцентралите од идниот месец. Приватизацијата на електроцентралите е меѓу барањата на меѓународните кредитори …

Грчкиот Парламент одобри продажба на неколку електроцентрали Read More »

Борисов: Бугарија, Романија и Романија да помогнат за Србија да стане членка на ЕУ


Бугарија, Грција и Романија треба да направт се што е можно за Србија да стане дел од Европската унија. Тоа го нагласи денеска премиерот на Бугарија Бојко Борисов на прес-конференција во Будимпешта, по средбата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Бугарија, Романија, Србија и Грција. Третата средба меѓу лидерите на четирите држави се …

Борисов: Бугарија, Романија и Романија да помогнат за Србија да стане членка на ЕУ Read More »

Теодоракис: Уставите лесно се менуваат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО


Некои устави можат лесно одново да се сменат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис и додава дека Движењето за промена, во чија коалиција е и неговата партија, бара решение со сложено име за севкупна употреба со конкретни гаранции врз основа на Меѓународен договор дека запира …

Теодоракис: Уставите лесно се менуваат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО Read More »

Сега е вистинскиот момент за решение за името, смета премиерот


Фокусот е ставен на решение за името, а не на рокови. Сега е вистинскиот момент да се најде решение. Влегуваме во самата суштина, во најсуптилните детали каде мора да бидеме креативни за да може двете страни да ги заштитиме, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата, премиерот Заев изрази уверување …

Сега е вистинскиот момент за решение за името, смета премиерот Read More »

Вуцис: Во интерес на Грција е да се најде заемно прифатено решение за името


Изнаоѓање заемно прифатено решение за името, заведено во Уставот и за севкупна употреба, е во интерес и на Грција, смета претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис. Вуцис имаше поздравно обраќање на промоцијата на книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“, во просториите на Стопанската комора во Атина, а во неговиот говор се задржа на …

Вуцис: Во интерес на Грција е да се најде заемно прифатено решение за името Read More »

Димитров: И за Грција е добро Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО


Фокусирани сме на тоа да ги убедиме сите вклучително и соседна Грција дека е добро Македонија да стане сојузник во ЕУ и НАТО, не само за Грција, туку и за целиот регион, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање на завршната прес-конференција во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан. …

Димитров: И за Грција е добро Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО Read More »

Грчко МНР: Реформите и името се предуслови за интеграција на Скопје во ЕУ


Реформите и решавање на прашањето за името се главните предуслови за интеграција во ЕУ, а треба да биде јасно дека одлуките не ги носи Комисијата, туку Советот на ЕУ каде Грција јасно ги има формулирано нејзините позиции, соопштуваат од грчкото МНР во однос на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија. – Во однос на …

Грчко МНР: Реформите и името се предуслови за интеграција на Скопје во ЕУ Read More »

Ѕанакопулос: Новото сложено име, да се прифати како уставно име


Новото договорено сложено име треба да биде и уставно име на соседната земја, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописникот на МИА од Атина во однос на тоа дали Грција би прифатила име што би било само за меѓународна, …

Ѕанакопулос: Новото сложено име, да се прифати како уставно име Read More »

Различни написи во грчките медиуми за брифингот на премиерот Заев


„Двојно ’не’ од Заев за едно име и промена на Уставот“; „Заев отфрла ерга омнес и најавува референдум“; „Зоран Заев поддржува двојно име“; Заев: Не влијае врз Грција како ќе се викаме во внатрешноста“; „Заев: Против ерга омнес име, изводливо решение во текот на мај“, се дел од насловите во грчките медиуми за брифингот на …

Различни написи во грчките медиуми за брифингот на премиерот Заев Read More »

Заев: Грција има разбирање за идентитетот


Македонија и Грција никогаш не биле поблиску до решение за спорот со името. Во игра е име со георгафска одредница, а не со временска. Разлики има во однос на промената на Уставот, што е поврзано со опсегот на употреба. Грчката страна има разбирање за нашиот идентитет, порача денеска премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ …

Заев: Грција има разбирање за идентитетот Read More »

Македонец уапсен во Грција за шверц на мигранти


Скриени во приколката од камионот што го возел, 34-годишен македонски државјанин се обидел нелегално од Турција во Грција да внесе четворица мигранти од Бангладеш. При контрола на граничниот премин, грчката полиција ги открила мигрантите. Инцидентот се случил на граничниот премин Кипи во североисточна Грција, во утринските часови во вторникот, а македонскиот државјанин бил уапсен. – …

Македонец уапсен во Грција за шверц на мигранти Read More »